Веб-страницата Class Central посветена за пребарување на онлајн курсеви, спроведе анкета на Инстаграм која ги откри најпопуларните занимања меѓу членовите на генерацијата Z.
Модел, инфлуенсер, личен тренер, уметник…
Според истражувањата, работата од соништата за генерацијата Z е – манекенството. Листата е составена со помош на анализа на користењето „хаштази“ во врска со кариерата на Инстаграм, а манекенството се нашло на врвот на листата со дури 380 милиони објави на социјалната мрежа.
На второ место на скалата е професијата уметник, а потоа фотограф и шминкер, блогер, како и работата во маркетинг.
Пејач, личен тренер, актер, инфлуенсер, стилски блогер, танчар, готвач, писател, „јутјубер“, моден дизајнер, креатор на содржини, спортист, фризер и маникер се занимањата кои влегоа во топ 20=те најбарани меѓу генерацијата Z.
Интересно е што потрадиционалната професија, доктор, е рангирана на 24-тото место со 18,300,000 „хаштази“, работната позиција инженер се најде на 30-тото место со 7,600,000 „хаштази“, занимањето правник е рангирано на 32-тото место со 6,500,000 „хаштази“, а работното место астронаут е на 450-тото место со 2.500.000 „хаштази“.
„Генерацијата Z ја привлекуваат покреативните индустрии“
„Ова истражување покажува дека на генерацијата Z ѝ е попривлечна креативната индустрија, особено онаа што е силно поврзана со социјалните медиуми“, изјави Давал Шах, извршниот директор на Class Central.
Иако генерацијата Z се стекна со репутација дека сака да биде инфлуенсер и јутјубер, оваа студија покажува дека сè уште ѝ се привлечни работните места за кои се потребни практични вештини. На пример, занимањата „стример“ и фудбалер се наведени под занимањата архитект и готвач.
Генерацијата Z ја привлекуваат и традиционалните работни дејности
„Без оглед на вообичаените концепции, истражувањата покажуваат дека генерацијата Z сè уште ја привлекуваат и традиционалните работни дејности. Професиите доктор, медицинска сестра, учител и стоматолог се појавуваат меѓу првите 25“, изјавил извршниот директор на Class central.
„Фасцинантно е да се види како социјалните медиуми влијаеле врз кариерите на помладите генерации и дали традиционални деловни улоги ќе гравитираат пониско на скалата во иднина“, заклучил тој.