Актерката Линдзи Лохан (38) го привлече вниманието на црвениот тепих на премиерата на нејзиниот најнов празничен филм „Out Little Secret“.
Актерката прошета во црн, проѕирен фустан со длабоко деколте и отвор на грбот. Нејзината благо брановидна коса беше пуштена, а аутфитот го комплетира со дијамантски накит. Поранешната детска ѕвезда Линдзи се појави на црвениот тепих со сопругот Бадер Шамас.
Инаку, Лохан во новиот филм на Нетфликс го толкуваше ликот на Ејвери, која доаѓа да ги посети родителите на своето момче за време на божиќните празници, но таму дознава дека неговата сестра е во врска со бившиот Логан (Иан Хардинг). Ејвори и Логан ќе мора да го поминат Божиќ под ист покрив, но за да избегнат драма, решаваат да се преправаат дека не се познаваат. Филмот ќе биде достапен на Нетфликс од 27 ноември.
Линдзи славата ја стекна на 11-годишна возраст, глумејќи во филмот Parent Trap. Во 2004 година глумеше во популарниот филм Mean Girls, но нејзината кариера почна да ја следат разни скандали. Нејзиното проблематично воспитување многу често завршуваше на насловните страници на светските таблоиди. Долги години се бореше со зависноста од алкохол и дрога. Неколку пати била апсена за возење под дејство и без возачка дозвола и за поседување дрога.
По рехабилитација и долга пауза од актерството, романтичната комедија наречена Falling for Christmas со Линдзи Лохан во главната улога беше објавена на Нетфликс во 2021 година. Истата година таа ја објави свршувачката со партнерот Бадер Шамас по две години врска, а минатата година го добија првото дете.