Д-р мед.сци. Маја Милованчева-Поповска
интернист-нефролог
ПЗУ Зегин Интермедик
Витаминот Д е повеќе од само еден витамин. Тоа е семејство на хранливи материи со слична хемиската структура. Растворливи се во масти и се од витално значење за нашето здравје. Во нашата исхрана, најчести се витамин Д2 и Д3. Потребни се за апсорпција на калциум, важни се за имунолошкиот систем и за целокупната благосостојба.
Витамин Д2 и Д3 ефикасно се апсорбираат во крвотокот, но црниот дроб различно ги преработува. Калциферолот е главната циркулирачка форма на витамин Д, неговото ниво во крвта ги одразува резервите во нашето тело. Се мисли дека витамин Д3 е скоро двојно поефикасен во зголемување на нивото на калциферол во крвта во споредба со витамин Д2.
Сончевата светлина е најдобриот извор на витамин Д. Изложеноста на сончева светлина предизвикува нашето тело да произведува витамин Д. Директна сончева светлина 20-30 минути секој ден е доволно да го добиеме дневното потребно количесто витамин Д.
Во некои региони и земји нема многу сончева светлина во текот на денот, има долги периоди на дождови, постојано облачно време, долги зими и малку директна сончева светлина. Кожата не е изложена на сонце.
Употребата на креми за сончање отпорни на УВ зраци може да помогне во заштита од меланом, но исто така ја спречува кожата да ги апсорбира потребните УВБ зраци кои го поттикнуваат производството на витамин Д. Кај 20-40% луѓе во западните земји се јавува недостаток на витамин Д.
Витамин Д2, ергокалциферол, се наоѓа во храна од растително потекло, печурки (диви, одгледани на УВ зраци). Се користи за збогатување на храната која ја консумираме, млеко, маргарин, житарки, сок од портокал. Го има и како додаток.
Витамин Д3, холекалциферол, се наоѓа во храна од животинско потекло, жолчка од јајце, путер, говедски црн дроб, масна риба и рибино масло. Го има и во некои растителни храни, лишаи. Витаминот Д3 се произведува кога кожата е изложена на сончева светлина, УВБ зрачењето предизвикува формирање на витамин Д3.
Сличен процес се одвива кај растенијата и печурките, каде УВБ светлината води до формирање на витамин Д2 од соединение кое се наоѓа во растителните масла.
За разлика од диеталниот витамин Д, со витамин Д3 произведен во кожата. не може да се претера. Ако телото веќе има доволно витамин Д, кожата едноставно произведува помалку.
Ако не може да се добие доволно сончева светлина, работа во затворено, луѓе кои не излегуваат или живеат во земја која нема доволно сончева светлина во текот на годината, може да се земе витамин Д3 како додаток. За да може витаминот Д3 да се апсорбира од коските каде е потребно треба да се зема заедно со витамин К2.
Бидејќи витаминот Д е растворлив во масти, изберете суплементи на база на масло или земете го со масен оброк. Препорачана доза, како додаток, за возрасни е 400-800 ИУ (10-20 микrограми), но вообичаените дози се 1.000-2.000 ИУ (25-50 микрограми) на ден.