Напаѓачот на Виљареал, Николас Пепе, за кого Арсенал пред неколку години плати дури 80 милиони евра, конечно потврди дека е во врска со порно актерката Теана Трамп.

Оваа вест кружи во последно време, се сомневаше дека се заедно, но никогаш немаше официјална потврда. До сега, кога на социјалните мрежи се појави заедничка фотографија.

Англиските медиуми пишуваат и дека Теана била видена со децата на Пепе на нејзиниот приватен канал „Снепчет“, додека самиот играч како почетна на телефонот ја има нејзината слика.

Трамп била видена во ВИП делот на стадионот „Естадио де ла Керамика“ за време на првиот натпревар на Виљареал оваа сезона против Атлетико Мадрид.

Таа е во индустријата за филмови за возрасни од својата 18-та година и има повеќе од 1,4 милиони следбеници на Инстаграм. Сепак, таа моментално се фокусира на создавање содржина за платформата „OnlyFans“, тврдејќи дека не соработува со порно сајтови од март 2020 година.

Инаку, Пепе летово дојде во Шпанија по епизодата во Трабзон. Претходно играше за Ница по Арсенал, додека во редовите на Топџиите дојде од Лил.