Откако неодамна објави дека е бремена, Меган Фокс решила да сподели неколку фотографии од трудничкиот стомак.
Имено, 38-годишната актерка одлучила повторно да позира за да има спомени од бременоста. Но, таа одлучила тоа да го направи во свој стил, па на крајот позирала во предизвикувачко издание.
Таа за оваа пригода решила да облече долна облека со проѕирна тантела, а целиот стајлинг го заокружила со црн вел. Нејзиното последно издание на социјалните мрежи го сподели фотографот Тајлор Клипфел.
Новите фотографии им се допаднале на нејзините обожаватели, кои и честитале и го пофалиле нејзиниот изглед.
Инаку, пред оваа бременост таа имаше спонтан абортус, па во понеделникот во описот на својата објава на Инстаграм напиша дека „никогаш ништо не е навистина изгубено“ и „добре дојде назад“.
Фокс и Machine Gun Kelly го очекуваат своето прво заедничко дете. Инаку, таа веќе е мајка на три деца Ноа (11), Боди (9) и Џоуни (7), кои ги дели со поранешниот сопруг Брајан Остин Грин. Кога станува збор за Machine Gun Kelly, пејачот ја има 15-годишната ќерка Кејси со тогашната девојка Ема Кенон.
Интересно е и тоа што Меган ги подгреа гласините за бременоста уште во јули оваа година, кога се појави со труднички стомак во спотот за песната „Lonely Road“ на Machine Gun Kelly и Jelly Roll. Ќе се испостави дека таа тогаш го користела таканаречениот лажен стомак за потребите на снимањето на спотот.