Маргарета Спада од Сицилија починала по фатална операција на носот во Рим од страна на лекар што таа го избрала преку социјалната мрежа ТикТок.
Младата девојка видела оглас за доктор на социјалната мрежа TikTok и решила да му го довери своето тело, објави Дејли Меил.
За жал, по операцијата, која била закажана за 4 ноември, доживеала компликации и починала по тридневна агонија.
Се сомнева дека 22-годишната девојка се здобила со компликации на почетокот на интервенцијата, додека примала анестезија, но точната причина се уште не е утврдена.
Инспекторите го истражуваат случајот, а против хирургот е отворен случај за убиство од небрежност.
Маргарета пронашла оглас на приватен хирург кој работи во Рим во рекламната содржина на нејзиниот TikTok. Таа заедно со своето момче отпатувале во главниот град на Италија за да направат естетски третман.
Сѐ било во ред додека не влегла во операционата сала.
Таму работите се искомплицирале, поради што била префрлена на интензивна нега, каде набрзо починала на 7 ноември 2024 година.
Семејството на Маргарета вели дека девојката била здрава и немала медицинска историја што би ја објаснило нејзината прерана смрт во овој случај.
Она што во моментов се сомнева е дека била алергична на некоја компонента од анестезијата.
Инаку, Маргарета е ќерка на Џузепе Спада, поранешен општински советник и менаџер на мал фудбалски тим во околината.
„Претседателе, заедно со целиот градски совет, ја споделуваме вашата болка за прераната загуба на вашата ќерка Агата Маргарета“, објави Комуна ди Летини.