33-годишната пејачка ја покани својата 60-годишна мајка Вера за заедно да ги претстават новите модели и да покажат дека дамите на секоја возраст можат да се чувствуваат убаво во оваа колекција.
Дуото мајка-ќерка позираше во креации кои Рита вели дека се идеални за повеќе пригоди.
„Без разлика дали сте излезени на вечера, на пијачка или едноставно сакате да танцувате на подиумот, оваа колекција опфаќа сè. И погодете што? Мојата неверојатна мајка Вера дури и ми се придружи за да претстави некои од овие модели и да покаже дека годините се само бројка и секој може да се чувствува убаво во оваа колекција. Таа е ѕвезда“ – напиша Ора.