Фронтменот на групата „Колдплеј“, Крис Мартин ги запрепасти присутните на аеродромот во Сиднеј кога направи бизарен ритуал пред да се качи на приватен авион за Нов Зеланд.
Имено, неколку моменти пред да се качи во авионот, Крис, падна на колена за да ја бакне пистата на аеродромот.
Се чини дека бакнувањето на асфалтот пред полетување и при слетување е вообичаен ритуал за музичарот. Тој, исто така, беше забележан како го прави тоа по слетувањето во Малезија пред концертот во таа земја, а го направи истотот и во Индонезија.
Иако нема информација зошто го прави ова пред и по летовите, ритуалот може да потекнува од блиското соочување со смртта на почетокот на неговата музичка кариера.
Музичарот во 2005 година за малку ќе настрадал кога неговиот авион налета на песочна бура додека летал над Западна Африка.
„Беше толку страшно. Еднаш годишно, целата прашина се крева од Сахара. Ништо не се гледаше, а најтешко му беше на пилотот. Авионот принудно слета. Не знам како успеа пилотот. Мислев дека мојата ќерка наскоро ќе има очув“, се присетил музичарот во едно интревју.