Ќерката на поранешниот и идниот претседател на САД Доналд Трамп, Иванка Трамп, на својот Инстаграм објави 16 мудри мисли кои секојдневно ги следи. Тие се однесуваат на меѓучовечките односи и здрав живот.
Иванка ги објави своите мудри мисли на Инстаграм откако го прослави својот 43-ти роденден.
-
- Семејството и пријателите се сè. Негувајте ги тие односи, проверувајте ги редовно и покажете дека се грижите. Како што вели Естер Перел: „Квалитетот на вашите врски го одредува квалитетот на вашиот живот“.
- Простете им на луѓето – тоа ќе ве ослободи повеќе од што било друго.
- Секој е учител. Секоја личност што ќе ја сретнете е лекција што ѝ треба на вашата душа за да расте.
- Избегнувајте озборувања. Изберете зборови што лекуваат, а не зборови што болат.
- Верувајте си. Препознајте ги вашите основни вредности и живејте според нив, дури и ако тоа значи да поставите цврсти граници.
- Грижете се за вашето тело. Јадете здрава храна, но уживајте и во парче торта – и малите задоволства го прават животот подобар!
- Секој ден поминувајте време на сонце. Тоа ќе ви ги подобри и денот и ноќта.
- Силно тело, силен ум. Движете се секој ден, кревајте тегови, спортувајте и играјте.
- Стремете се кон три дневни победи: физичка, ментална и духовна. Навал Равикант вели: „Смирен ум, добро тело и дом со љубов. Овие работи не можат да се купат, тие мора да се заработат“.
- Развијте самосовладување. Како што вели Маркус Аврелиј, „Вие имате моќ над вашиот ум – не над надворешните настани“. Вистинската сила лежи во контролирањето на сопствените реакции, а не на светот околу вас.
- Чувајте го вашиот мир. Епиктет забележал: „Кој може да те налути, станува твој господар“. Совладувањето на сосптвените емоциите значи дека другите не можат да ја контролираат вашата состојба на умот.
- Бидете отворени за вистината, без разлика каде ве води. Слушајте, мислите, растете. Прифатете нови идеи, врски и уметност.
- Бидете љубопитни. За вашиот партнер, децата, пријателите и светот.
- Пристапете кон животот со љубов и позитивност. Доли Партон вели: „Јас не критикувам или судам, сакам и прифаќам“.
- Потрошете време и енергија на она што навистина ви е важно.
- „Размислувањето е тешко; затоа повеќето луѓе судат“, Карл Јунг. Она што го осудувате, не можете да го разберете. Наместо тоа, набљудувајте и учете.