Претставничката на Панама за Мис Универзум, Италија Мора официјално се повлече од овогодинешниот избор по темелна проценка на дисциплинската комисија, која заклучи дека нејзиното повлекување од изборот е „најсоодветната процедура во сегашните околности“.
„Дисциплинската комисија, задолжена за одржување на интегритетот и вредноста на натпреварот, спроведе целосен преглед на случајот и, врз основа на собраните и разгледани информации, заклучи дека повлекувањето е најсоодветниот начин на дејствување во сегашните околности“, се вели во соопштението на Организацијата во петокот, додавајќи дека „одлуката е донесена со најголема почит за сите вклучени страни“.
Организацијата, исто така, ја истакна важноста од одржување на доверливост и почит во текот на целиот процес.
„Доверливоста е основен столб на секоја дисциплинска постапка. Со заштита на чувствителните и лични податоци, ние не само што обезбедуваме правичност и еднаквост во нашите одлуки, туку и достоинство на сите вклучени“, додаваат тие и побарале да се почитува приватноста на Мис Панама за да се избегнат непотребни шпекулации кои можат негативно да влијаат на сите инволвирани страни.
На страниците и социјалните мрежи посветени на изборот се појавија гласини дека Мис Универзум Панама не ги почитувала правилата на натпреварот и се степала со својата цимерка од Доминиканската Република, Селине Сантос Фриас.
„Тие се скараа и Мис Панама ја удри Мис Доминиканска Република, која ѝ го возврати ударот. Откако Мис Панама удри прва, таа беше означена како агресор“, напишаа на Фејсбук страницата „Pageant Aficionado“, која има 467.000 следбеници.
„Мис Панама го напушти хотелот со нејзиниот директор на националниот натпревар, не поради некаков романтичен или сексуален контекст, туку затоа што не можеа да се справат со однесувањето на Мис Доминиканска Република кон неа.
„Ова е за нивна безбедност и мир. Организацијата ја искористи оваа техничност како причина да ја дисквалификува бидејќи на натпреварувачките не им беше дозволено да го напуштат хотелот. Има „големи шефови“ кои навиваат за победа на Мис Доминиканска Република. Дали е ова прв пат во историјата на Мис Универзум да избрка жена кандидат поради наводно лошо однесување?“ пишува на страната.
Се јави и директорот на националното натпреварување на Панама, Цезар Анел Родригез.
„Италија Мора е многу млада жена, направи грешка која организацијата Мис Универзум не може да ја дозволи и организацијата донесе одлука утринава да ја повлече од натпреварот. Не сакам да давам детали за грешката што беше направена. Имавме договор да ја заштитиме натпреварувачката и сепак имаме почит кон неа. “, рече тој.
„Искрено ги молам сите да ја почитуваат. Ве молам, не ја осудувајте, не ја напаѓајте бидејќи тоа низ што поминува не е лесно. Таа ќе има светла иднина пред неа бидејќи е млада и брилијантна“, додаде тој. .
За потсетување, изборот се одржува во Мексико, а новата кралица на Мис Универзум ќе биде крунисана на 16 ноември.