Матје Вигер Латур од Франција се самоубил по неуспешната трансплантација на брада во Истанбул, наводно извршена од агент за недвижности кој се претставувал како хирург.
24-годишниот студент по бизнис администрација во март отпатувал во Турција за да се подложи на трансплантација, која го чинела 1.300 евра, пет пати помалку отколку во Франција, не сфаќајќи дека целата операција ќе резултира со вистинска катастрофа.
Сепак, операцијата имала катастрофални резултати, со изгубени 1.000 графтови, а уште 4.000 трансплантирани од неговата глава на лицето. Резултатот беше неправилна брада која растела под чудни агли, давајќи му на лицето необичен изглед кој, како што рекол неговиот татко, наликувал на „еж“, пренесува Дејли Мејл.
Младиот човек се здобил и со изгореници и интензивни тегоби кои го спречувале да спие. Откако подоцна открил дека тој што ја извршил операцијата не бил специјализиран хирург туку агент за недвижности, се шокирал.
Оваа неуспешна процедура му нанела на Латур многу психолошки проблеми и му задала дисморфично пореметување – нарушување во кое луѓето стануваат опседнати со несовршеностите на нивниот изглед.
И покрај обидот на белгиски специјалист да ја поправи штетата, било откриено дека скалпот на Латур нема да може да ја врати својата нормална состојба.
Три месеци по операцијата, Латур донел одлука да се самоубие.
Неговиот татко, уништен од трагичниот пресврт на настаните, сега води кампања за подигање на јавната свест за опасностите од „здравствениот туризам“.