Бред Пит ги изненади сите присутни на патеката Формула 1 во Мексико, каде што ги снимаше сцените за неговиот најнов филм Ф1, кој треба да пристигне во кината во текот на летото 2025 година. Тој се појави на патеката за време на квалификациите за Големата награда на Формула 1, а моментот кога прво ја симна кацигата, а потоа и заштитната капа предизвика голема возбуда кај сите присутни.
Популарниот актер потоа мафташе и ги поздрави воодушевените гледачи. Во еден момент, тој истрча по патеката носејќи го мексиканското знаме во рацете. Она што сите го коментираа е дека Бред никогаш не изгледал подобро и дека оваа улога неверојатно му одговара.
“Тој старее наназад”, фановите го коментираат изгледот на Бред Пит, кој на новите слики од снимањето на филмот во Мексико изгледа токму онака како што го опишуваат обожавателите.