Социјалните мрежи ги „разнесе“ фотографијата што ја сподели актерката Брук Шилдс, жена по која воздивнуваа мажите ширум светот.
Брук ја паметиме од нејзините најрани улоги, како девојката од филмот „Сината лагуна“, а со текот на времето прерасна во вистинска убавица. Природната густа коса, речиси совршените црти на лицето и сините очи ѝ ја доделија етикетата на една од најубавите жени во светот на актерството и манекенството, а сега на 59-годишна возраст, Брук не се откажува од промовирањето на природната убавина на нејзина возраст.
Неодамна објави фотографија на која покажа колку мажите ја обожаваат, но и како знае добро да се забавува. На фотографија од нејзината младост седи опкружена со мускулести мажи. Тие работеле како група танчери кои настапувале во клубови и ги промовирале своите изведби во полуголи публикации.
Мажите на фотографијата што занесено ја гледаат Брук носат машни околу вратот, но со голи торза и црвени кожени панталони.
Обожавателите веќе опширно пишуваа во коментарите, покажувајќи дека таа знаела да се забавува.