Моника Белучи со полно право со децении ја носи титулата на една од најубавите актерки, но и најубави жени на сите времиња, а интересот за неа не се намалува ниту сега, кога зачекори во седмата деценија од животот.
Таа реши да го одбележи 60-тиот роденден како што доликува, па своите фанови ги награди со нејзини разголени фотографии кои пред неколку години ги направи фотографот Паоло Роверси.
Тие се појавија на страниците на италијанскиот Вог за октомври, а сите ги пречекаа со ентузијазам.
Иако сензуалната актерка безброј пати сме ја виделе на фотографии, овој едиторијал е „чекор понапред“ и после него ништо нема да биде исто.
На повеќето објавени фотографии на нејзиниот официјален Инстаграм во преден план се бујните гради на Моника кои ги покрива со рака, а има и фотографија од целата нејзина гола фигура на која уште еднаш со раце ги покри „стратешките делови“.