Пејачот Жељко Бебек неодамна доживеа несреќа на настап во Виена, кога се струполи на сцената среде концерт. Снимката од падот стана вирална на социјалните мрежи, а јавноста беше вознемирена поради тоа.
Имено, за време на изведбата на една песна тој паднал како покосен, по што ползел околу бината и се обидел да стане.
Но обидот бил неуспешен по што Бебек морал да побара помош од својата екипа.