Поранешната манекенка 46 годишната Кејти Прајс признала дека толку многу се променила во последните години што веќе не ја препознаваат ниту безбедносните уреди на аеродромот.
Таа неодамна го направила своето шесто„затегнување и сервисирање“ на лицето во Турција и иако многумина мислат дека завршила со пластичните операции и естетските зафати, таа има други планови и не се грижи за критиките што редовно ги добива.
“Не знам како изгледам, ни скенерот за пасоши веќе не ме препознава. Фотографијата во пасошот е направена пред многу години”, открила Кејти на која ова прилично и пречело и не е љубител на модерното технологија.
На последната операција на лицето направена во Турција наводно потрошила речиси 15.000 долари, а познато е дека ги оперирала градите дури 17 пати за да биде „сопственичка на најголемите гради во Британија“.
Поради операциите таа често е обвинета дека се „уништила“.