Хрватската инфлуенсерка Ела Јерковиќ (28) последните неколку дена ги поминува со своите пријатели на луксузен одмор на Малдиви. Веселата група одлучила да ги искористи сите поволности на оваа егзотична дестинација, вклучувајќи го и пливањето со локални ајкули. Пријателката на Ела, Нера Николиќ, сподели видео на својот профил на ТикТок во кое открива како 28-годишната Сплиќанка била касната од една од ајкулите додека нуркала. Таа детално го раскажа целиот инцидент.
– Време е за приказната за тоа како се случи нападот на ајкулата. Отидовме на една од најинтересните екскурзии на нашето патување, па дозволете ми да ви го опишам искуството. Овие ајкули околу нас се „Nurse Sharks“ кои вообичаено не напаѓаат луѓе и се хранат со риби, лигњи и слично – ја започнала приказната на Нера и продолжила: – Добивме и строги упатства како да се однесуваме, на пример, дека не смееме да ги туркаме нашите прсти кон нивните усти или да ги провоцираме. Е сега, ние пливавме околу нив сигурно околу три часа и постојано скокаше некој друг, па можно е да ги вознемиривме и за жал, се случи ова – камерата го покажува гризнувањето на раката на Ела Јерковиќ.
– Таа не го почувствува каснувањето на ајкулата во морето додека не почна да се качува на чамецот, видовме крвава рака и нејзината реакција беше: „Само не кажувај на другарка ми дека тоа се случило“. Сите останати врескавме затоа што сигурно ќе низа застанеше срцето – додала Нера.