После долгиот одмор во Италија, Леонардо ди Каприо се врати во Америка.
Тој е снимен со неговата 26-годишна девојка Виторија Серети на улиците во Њујорк додека се возат со изнајмени велосипеди. 49-годишниот актер носел маска на лицето.
Леонардо минатата недела беше во Рим, каде заедно со неговата девојка ги видоа најголемите знаменитости. Мајката на актерот Ирмелин Инденбиркен и очувот Дејвид Вард биле со познатиот пар во Рим.
Потсетуваме, се шпекулираше дека Ди Каприо сака да побегне од скандалот кој ја тресе Америка.
Имено, актерот се најде во фокусот на јавноста поради наводните снимки кои откриваат дека се дружел со Диди. Се дозна дека Ди Каприо бил омилен гостин на забавата на Диди. Во клип од 2018 година, кој неодамна беше повторно објавен, Вог го праша Диди кој е број еден на неговата листа на гости за неговите „бели забави“. Тој одговори: „Леонардо ди Каприо“.
Објавени се и фотографии од „белата забава“ во 1998 година, на кои актерот се смее и пуши. Сепак, извор близок до Ди Каприо вели дека актерот со години не бил во контакт со Диди, иако има докази дека двајцата заедно присуствувале на Демократската национална конвенција на 29 јули 2004 година и дека актерот бил на забавата на Диди за 50-от роденден. .