Александра Ценсори, мајката на Бјанка Ценсори, за првпат е видена откако во јавноста протекоа пораките што наводно Канје Вест ѝ ги напишал на сопругата во врска со неговата свекрва.
Како што пишува „Дејли мејл“, Александра вршела работи низ Мелбурн. Кога новинарите ја прашале што мисли за изјавите на нејзиниот зет, Александра рекла дека не сака да се меша и побарала приватност.
Да потсетиме, раперот, тврди неговата поранешна асистентка Лорен Пишота во тужбата, ѝ напишал на Бјанка дека сака тој да има секс со нејзината мајка. Наводно, Лорен испратила скриншот од разговорот со Бјанка во кој една од пораките гласела: „Сакам да имам секс со мајка ти пред да замине“.
Бјанка во тоа време била во Америка, а нејзината мајка дошла од Австралија да го посети Лос Анџелес. Пишиота тврди дека Бјанка одговорила на пораката на Веста. Имеон, таа му напишала дека нејзината мајка е мажена.
Пишота изјавила и дека Вест често кажувал дека сака да има врска со мајката на еден од неговите вработени, додека вработениот ја гледал.