Бред Пит со години важи за еден од најпосакуваните актери, а сега ја откри тајната на својот изглед, на прагот на седмата деценија од животот.
Веќе подолго време се шпекулира дека холивудскиот заводник решил да оди „под нож“, што тој се уште не го потврдил, инсистирајќи дека неговиот младешки изглед се должи само на здравиот начин на живот.
„Тајната на убавината? Хмм, во работните денови живееш здраво, а потоа за викенд ’грешиш како луд’. Избирам пица“, одговори Бред Пит на прашањето за тајната на неговата младост.
Неговиот одговор предизвика многу коментари на социјалните мрежи, бидејќи корисниците сметаат дека актерот лаже и намерно ја користи оваа тема, иако многумина се сигурни дека направил фејслифтинг.