Џејми Дохерти, член на илузионистичкото дуо Џеј и Џос, падна со лицето на под и за момент бил онесвестен додека вежбал трик со својот партнер. Џеј (30) требало да балансира на врвот на меч додека Џос, кој е негов сопруг, го свртел, пишува Дејли Мејл.
Магионичарот роден во Кетеринг, сепак, ненадејно се лизнал и удри од 2 метри на дрвениот под од студиото. Џеј за среќа се извлекол само со огромно црно око и со помодрен грб.
Илузионистичкото дуо ја вежбале својата точка пред престижниот сценски натпревар The Magic Circle кој привлече публика во која беа Дарен Браун и Деби Мекги.
Џеј, кој имаше намера да ја изведе точката со мечот, во последен момент се предомисли.
-Публиката сигурно беше збунета, но да знаеја што се случи само една недела претходно, сигурен сум дека ќе разбраа. Ние ги изградивме нашите кариери на поместување на границите, но на крајот на денот, безбедноста на мојот сопруг е на прво место. Луѓето често мислат дека илузиите се само маскирани трикови, но многу од нашите акробации се всушност опасни. Засега таа точка ќе остане надвор од сцената. Ќе ја вратиме ли? Кој знае – изјави Џос.