Неодамна во јавноста се слушна веста дека Канје Вест и Бјанка Ценсори се пред развод. Американскиот портал ТМЗ напиша дека се скарале и се разделиле пред неколку недели и дека за тоа ги известиле најблиските. Но, сега имаше изненадувачки пресврт. Имено, парот е фотографиран заедно во еден трговски центар во Токио.
Судејќи по фотографиите, гласините за нивниот развод се лажни, а парот изгледа мошне среќен. Во еден момент Бјанка во еден момент ги држела рацете врз лицето на раперот и била насмеана од уво до уво.
„Дејли мејл“ напиша дека извори блиски до славната двојка тврдат дека тие „веќе одредено време се оддалечуваат еден од друг“.