Александра Јанкулеску (35) ја претставуваше Романија во брзо лизгање на Зимските олимписки игри во 2018 година, пред да се префрли на велосипедизам.
Таа со години има профил на „OnlyFans“, страница за возрасни, каде објавува фотографии од себе и, како што рекла во едно интервју во 2021 година, со тоа ги плаќа своите трошоци.
Во нова објава на Инстаграм, Јанкулеску повторно објасни зошто го отворила профилот.
Да се вратиме на времето кога ја избричив главата во седмо одделение затоа што сакав да личам на Шинејд О’Конор. Тогаш, како 13-годишно девојче, не очекував ништо помалку од себе, а не очекувам ништо помалку ни сега“.
„Во 2021 година го отворив овој профил бидејќи постојано добивав голем број лајкови на фотографиите во бикини и луѓето ми предложија да ги продавам на оваа платформа.
Мислев дека се шегуваат, не сакав луѓето да ме препознаваат како некој што продава фотографии во бикини, со оглед на тоа што напорно работев како спортистка. Зборувам повеќе јазици и навистина ја сакав и почитував сликата за себе што ја создадов.
Мојот живот целосно се промени на подобро по заработката во првиот месец. Сега уживам што можам целосно да се посветам на тренинзите, што можам да си дозволам опрема, што можам да го купам мојот велосипед од соништата, што можам да штедам за други цели. Не морам да го жртвувам мојот спортски живот за да работам три работи со скратено работно време како што правев кога ги следев моите олимписки соништа.
Порано се грижев што мислат луѓето, но потоа сфатив дека нивните мислења не ми ги плаќаат сметките. Ќе продолжам да го користам профилот затоа што го сакам своето тело, научив да се сакам себеси на поинаков начин.
Се познавам себеси и луѓето кои ми се важни знаат каква сум. Коментарите не ме навредуваат бидејќи тоа е патот што го избрав. Затоа, не се срамете, дојдете и поздравете се со мене“, напишала Александра.