Адријана Лима го истакна својот сексапил во Париз.
43-годишната Бразилка, која беше дел од ангелите на Victoria’s Secret, привлече многу погледи во црна креација со ултра висок шлиц на свеченоста „Business of Fashion BoF 500 Class“.
Лима беше фотографирана и додека се упатуваше на вечера во хотелот „Costes“ заедно со својот партнер Андре Лемерс.