Поранешниот Џејмс Бонд, Даниел Крег и неговата сопруга, актерката Рејчел Вајс се појавија на модната недела во Париз.
Даниел, кој е заштитно лице на колекцијата есен/зима 2024 на Loewe, присуствуваше на ревијата на модниот бренд пролет/лето 2025 година со неговата сопруга.
За таа прилика облече предимензионирани панталони, шарен џемпер и јакна, а остана доследен на својата долга коса која ја носи последните месеци. Неговата сопруга носеше преголеми фармерки, а исто така и шарен џемпер.
Даниел и Рејчел се запознале во 1994 година на снимање на филм, а тој во тоа време бил во брак со Фиона Лудон. Тие официјално почнаа да се забавуваат откако и двајцата глумеа во филмот Dream House во 2010 година, а веќе следната година се венчаа во тајност на церемонија со само четворица сведоци.
Во септември 2018 година се роди нивната ќерка. Рејчел го има 18-годишниот син Хенри со нејзиниот поранешен вереник, режисерот Дарен Аронофски, додека Даниел од бракот со Фиона ја има 32-годишната ќерка Ела.
Рејчел еднаш се отвори за тоа зошто ја чувала врската со Даниел подалеку од очите на јавноста. “Тој е едноставно премногу познат. Мора да го заштитите вашиот брак”, рече таа.