Моника Белучи и Тим Бартон се неразделни. Славниот пар заедно присуствуваше на Филмскиот фестивал во Сан Себастијан и си разменуваше бакнежи и љубовни погледи.
Италијанската актерка, која за неколку дена ќе го прослави својот 60-ти роденден, изгледаше шик во модерен костум додека пристигнуваше на свеченоста со својот сакан.
Инаку, италијанската ѕвезда глуми во неговиот нов филм „Битлџус“ заедно со Џена Ортега, Мајкл Китон и Винона Рајдер.