Наместо манекенка, 23- годишна девојка работи „машка работа“ и заработува 1.300 евра неделно (ФОТО)

by Тони Зографски

Елизабета (23) е припадничка на генерацијата Z која реши да се испроба во „машкиот свет“.

Корпоративната кариера и канцелариската работа од девет до пет ги заменила со индустриска опрема и седумдневни ангажмани без одмор.

Кога имала 18 години, завршила четиримесечен курс за млади жени кои се занимаваат со занаети (механика, столарија, електрична енергија…) и никогаш не погледнала назад.

Елизабета била особено заинтересирана за работата на заварувач, пренесува The Sun.

„Ме привлече жештината и тешкотијата на работата. Тука треба да бидете прецизни, а интензитетот е висок, и тоа го барав“, објасни таа.

Заедно со партнерот живее во Канада и открива дека нејзината професија е добро платена (заработува 1.300 евра неделно). Покрај тоа, како што вели, добро е и за одржување на кондицијата.

„Секој ден го предизвикувам своето тело. Имам неколку модринки и гребнатини. Често работам на отворено, но работата ме прави силна“.

Елизабета не се жали на 10-часовните смени, но свесна е дека нема да може вечно да работи со исто темпо.

„Мојот сон е да започнам сопствен бизнис и да вклучам повеќе жени. Неопходно е да се преобликува индустријата за да се овозможи тоа“, заклучила таа.

останати вести