Промовирана авторизираната биографија на Дарко Панчев од Зоран Михајлов

by Тони Зографски

Во присуство на повеќемина фудбалски и спортски легенди, беше промовирана првата авторизирана биографија на Дарко Панчев, на нашата фудбалска икона, на еден од најдобрите фудбалери во историјата на овие простори.

Автор на ова дело е новинарската легенда Зоран Михајлов а еден од промотерите беше и легендарниот Васил Рингов.

Во книгата Михајлов успеа да открие дел од карирерата и живото на Дарко, кои за пошироката јавност не се толку познати.

Во публикацијата има искази од повеќе негови соиграчи, но и други лица кои се поврзани со Панчев во неговиот живот.

останати вести