Полицијата уапсила 18-годишна девојка која украла автомобил во Канада на почетокот на месецов, кога го прегазила сопственикот и побегнала со украденото возило
Инцидентот се случил на 6 септември, а полицијата објавила видео од кражбата и побарала помош за пронаоѓање на осомничената.
На видеото се гледа како жена пристигнува во домот на сопственикот на Поршето во градот Мисисага, западно од Торонто. Таа наводно дошла откако прочитала оглас дека сопственикот продава автомобил
„Здраво, јас сум тука за Поршето“, рекла осомничената, идентификувана од полицајците како Сара Бедшо.
Сопственикот ѝ понудил тест возење. Таа одговорила дека го чека татко ѝ, но прашала дали може да го „погледа“ возилото.
После тоа, таа се гледа како седи зад воланот, додека сопственикот се обидува да влезе во возилото, но не успева. Кога била зад возилото, поршето наеднаш се враќа во рикверц и го удира. Мажот успеал да стане, но жената побегнала.
Полицијата го објави видеото во обид да ја пронајде осомничената, која се предала следниот ден.
Бедшо добила кривична пријава за опасна операција, нанесување телесни повреди, кражба на моторно возило, бегство по сообраќајна незгода со последица телесна повреда и возење без дозвола.