Енди Мекдауел блеска и на 66 години со природна седа коса на ревија во Париз (ФОТО)

by Тони Зографски

Енди Мекдауел покажува дека стареењето е убаво и дека секоја жена треба да се чувствува добро во своја кожа, без разлика на возраста.

66-годишната актерка пленеше на ревијата на L’Oreal во Париз. Таа дефилираше на модното шоу со природна седа коса и во блескава креација која одлично ѝ прилегаше.

Енди престана да користи вештачки фарби по затворањето на фирзерските салони поради пандемијата со КОВИД.

Со години сакав да го направам тоа. Потоа, се случи КОВИД и започнав да ги гледам пораснатите корени и помислив дека ми одговара“ – рекла таа.

останати вести