Трчала покрај реката и наеднаш го слушнала гласот на Ед Ширан: „Еј, дали сакаш некоја песна“ (ФОТО)

by Тони Зографски

Ед Ширан бил среде снимање на видео за својот канал кога видел девојка како трча по каналот Регент во Лондон. Тој ѝ пеел, а таа весело го поздравила. Симпатичното видео музичарот го сподели на своите социјални мрежи, а голем број обожаватели беа воодушевени од неговиот гест.

Девојката на која Ширан ѝ пееше со гитара во рака, го снимала со мобилниот телефон, а музичарот ја прашал дали има некоја желба. Таа го замолила да го отпее неговиот хит „Tenerife Sea“ и Ширан без проблем го направил тоа.

 

 

Видеото стана вирално на социјалните мрежи, а тој ги замоли своите обожаватели да му помогнат да ја пронајде девојката од видеото.

„Денеска снимав на каналот и пеев песна по барање на една девојка. Ако некој ја знае тркачката, нека ѝ јави, ние би сакале да ја видиме нејзината страна од видеото“, напишал тој во описот на објавата.

останати вести