Ирина Шајк во проѕирен фустан на Модната недела во Милано (ФОТО)

by Тони Зографски

Една од најпознатите манекенки во светот Ирина Шајк (38) го привлече внимание во Милано.

Таа вчера вечер се појави во проѕирен фустан на 60-годишнината на Vogue Italia x Ray-Ban за време на модната недела во Милано.

Дизајниран од познатата италијанска модна дизајнерка Алберта Ферети, фустанот беше до подот и вклучуваше детали од тантела. Таа комплетираше сè со црни потпетици и темно црвен кармин.

Миланската модна недела официјално започна на 17 септември, а Ирина веќе носеше неколку модни ревии.

Таа денеска на Инстаграм сподели неколку фотографии од зад сцената на модните ревии и за само неколку часа собра речиси 100 илјади лајкови.

Irina_Shayk_at_The_Vogue_Italia_60th_Anniversary_X_Ray-Ban_event_in_Milan_09-18-2024__2_.jpg

„Оваа жена е навистина божица на убавината“, „Таа е убава“, „WOW“, се само дел од коментарите на воодушевените обожаватели.

Irina_Shayk_at_The_Vogue_Italia_60th_Anniversary_X_Ray-Ban_event_in_Milan_09-18-2024__7_.jpg

останати вести