Кралицата на „дрегот“, Плејн Џејн, привлече огромно внимание на јавноста на доделувањето на Еми наградите, каде што прошета на црвениот килим облечена во сексипилна креација.
Доделувањето на Еми наградите во Лос Анџелес привлече големо внимание на јавност, а една личност поради зад која сите се свртеа беше Плејн Џејн. Светската јавност се запозна со нејзиниот лик и дело благодарение на ријалити програмата „Drag Race“ во којашто мажите ја покажуваат својата визија за жените облекувајќи се како жени.
Плејн Џејн облече беше облечен/а во црвен фустан со тенки прерамки коишто се растегнуваа поради големите гради. Бујните гради фустанот едвај ги покриваше, а целокупното издание привлече огромно внимание. Овој фустан со црвена боја е направен да ги нагласи широките колкови, големите гради и минијатурниот струк а секое движење на Џејн дополнително ја „креваше“ температурата кај присутните.
Од друга страна корисниците на социјалните мрежи не беа благонаклонети кон спрема нејзиниот/неговиот стајлинг, и им пречеше тоа што Плејн Џејн не го испочитувала гламурот на црвениот килим.
„Ова е срамота“, „Скандалозно“, „Знам дека е тоа нејзиниот стил, но барем испочитувај го местото каде што се наоѓаш“, беа само некои од коментарите на корисниците на социјалните мрежи. Меѓутоа Плејн Џејн не ја/го интересираа таквите коментари, и продолжи со споделување на провокативни слики од ова нејзино издание на црвениот килим.