349
Денешниот егзибициски меч со Григор Димитров во Софија, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го најави на несекојдневен начин. Се снимаше, пеејќи ја „Луда по тебе“ во изведба на бугарската пејачка Камелија, преработка од Лепа Брена, на бугарски јазик и видеото го објави на социјалните мрежи.
Порача дека е спремен за дуелот со Димитров, кој ќе биде прв во кариерата на Ѓоковиќ во Бугарија. Егзибицискиот меч е дел од промоција на фондацијата на бугарскиот тенисер. Натпреварот ќе се одигра во „Софија арена“ чиј капацитет е 12.373 седишта.
https://twitter.com/i/status/1835714188187955590
