Американски „Consumer Reports“ направи големо истражување за доверливоста на користените автомобили.
За да ги состави овие рангирања за доверливост, „Consumer Reports“ прегледа повеќе од 150.000 возила од 2014 до 2109 година во сопственост на неговите членови, споредувајќи го бројот на проблеми што секој автомобил ги имал со просекот за сите возила. Овој процес произведе оценки за доверливост за секој бренд.
„Lexus“ и „Toyota“ беа најсигурни брендови на користени автомобили со голема разлика во однос на сите други, потврдувајќи ја нивната репутација меѓу клиентите, пишува „Auto Klub“. Стивен Елек, програмски менаџер на „Consumer Reports“ за автомобилска анализа на податоци, рече дека двата бренда се познати по „конзервативното постепено подобрување на целата производна линија, наместо да воведуваат многу сосема нови системи“.
Од друга страна, „Chrysler“, „Dodge“, „Tesla“, „Jeep“ и „Ram“ имале најлоша оценка за доверливост. Интересно, брендовите со најлоши резултати, освен „Tesla“, се во сопственост на „Stellantis“.
Ова е список на брендови во кои возачите најмногу веруваат кога купуваат половен автомобил:
1. Lexus
2. Toyota
3. Mazda
4. Acura
5. Honda
6. Buick
7. BMW
8. Subaru
9. Nissan
10. Mercedes-Benz
11. Cadillac
12. Mini
13. Lincoln
14. Volkswagen
15. Volvo
16. Audi
17. Hyundai
18. Chevrolet
19. Kia
20. Ford
21. GMC
22. Ram
23. Jeep
24. Tesla
25. Dodge
26. Chrysler