Холивудскиот актер Бред Пит е познат како голем заводник, а иако зад себе има два брака, со актерките Џенифер Анистон и Анџелина Џоли, тој очигледно немал проблем да им се додворува на другите жени дури и кога бил во брак.
Дека не му било проблем да им се додворува на девојки дури и кога бил во брак со актерката Анџелина Џоли, откри Дајана Гудиќ.
Српската актерка Дајана Гудиќ, која со години гради актерска кариера во Америка, откри дека Бред ѝ пишувал, па ги кажала деталите.
Имено, Дајана во емисијата „Амиџи шоу“ требало да одговори на прашањето кој од српските актери ѝ е привлечен, но токму поради Бред Пит тоа не можела да го направи.
– Знаеш, не можам да одговорам на ова прашање, бидејќи секогаш кога некоја убава жена ќе каже кој ѝ е убав од познатите личности, тој ѝ се јавува преку Инстаграм – изјавила Дајана, по што признала дека Бред Пит ѝ пишувал:
– Ме прашаа кој од познатите личности ми е убав, јас реков Бред Пит… Па ти сега извади од контекстот, но јас не одговорив на пораката, бидејќи тогаш имав момче, тој имаше сопруга.
Инаку, Дајана претходно се најде во српските медиуми кога се дозна дека се дружи со холивудскиот заводник, актерот Леонардо Дикаприо, а сега призна дека тој, сепак, никогаш не ѝ се додворувал.
– Кога првпат се запознавме… Што да ти кажам, не, не на тој начин. Тој ми даде комплимент, јас му дадов комплимент, но секогаш бевме пријатели, подобро се совпаѓаме како пријатели – рекла таа.