Украинскиот голман Денис Шеликов (35) ја преплива Тиса и побегна од Украина за да потпише договор со белорускиот клуб Славија Мозир! Чуварот на мрежата два месеци внимателно го планирал бегството од земјата.
Тиса во тој регион ја нарекуваат „река на смртта“, бидејќи теренот е непристапен, а нивото на водата многу често нагло расте, поради што во последните две години се удавиле повеќе од 39 луѓе.
Украинските медиуми остро го осудија Шеликов, кого го обвинуваат за нелегално преминување на границата за да потпише договор со клуб од омразената Белорусија