Италијанската дизајнерка Донатела Версаче се појави на хуманитарен настан за фондацијата Керинг за време на модната недела во Њујорк, чиј домаќин беа актерката Салма Хајек и нејзиниот сопруг Франсоа-Хенри Пино.
69-годишната дизајнерка привлече внимание со својот изглед. Имено, со текот на годините таа правеше бројни естетски зафати кои ѝ го искривија лицето и ја направија речиси непрепознатлива.
Донатела започна со операции во 90-тите години, а по смртта на нејзиниот брат, познатиот дизајнер Џани, во 1997 година, нејзиниот изглед почна да се менува и призна дека редовно користи ботокс. „Не верувам дека жената треба да биде сосема природна“, рече таа еднаш.
Нејзиниот изглед со текот на годините драстично се менуваше, а поради претераните корекции таа редовно завршуваше на самиот врв на листата на ѕвезди кои претерале со естетските зафати.
Инаку, Донатела беше во брак со моделот Пол Бек од 1983 до 2000 година, а во 2004 година се омажи за Мануел Далори и се разведе една година подоцна. Таа има две деца, ќерката Алегра (38) и синот Даниел (34)