Wizz Air“ ја објави листата на европски плажи со најмал метеж, и според нив тоа се идеалните дестинации за сите оние коишто сакаат во мир да уживаат во морето
„Wizz Air“ анализираше повеќе од 50 европски плажи, а првото место и припадна на плажата во Драч, Албанија.
Креирањето на оваа листа подразбирало: мерење на плажите, делење на нејзината површина со големината на пешкирот, а потоа делење со просечниот број на посетители на дневно ниво, за да се утврди колку простор секоја плажа може да му понуди на посетителот.
Плажата во Драч е долга околу 10, 5 километри, и ја доби оценката 64,5, надминувајќи ги оние од Франција, Португалија и Шпанија.
Целосната листа на европски плажи со најмала метеж е следната:
1.Плажата во Драч, Албанија – 64,5
2. „Camber Sands“, Велика Британија – 61, 1
3. Плажата „Zlatni Rat“ во Бол, Хрватска – 54,1
4. Плажа Борш, во Борш, Албанија – 43
5. „Plage de Pampelonne“, во „Ramatuelle“, Франција – 33,8
6. „Brighton Beach“ во Англија – 27,0
7. „Praia de Falesia“ во Алгарве, Португалија – 24,3
8. Плажата „Могрен“ во Будва, Црна Гора – 20
9. „Nissi Beach“ во Аја Напа, Кипар – 19,3
10. „Plaza d’en Bossa“ во Ибица, Шпанија – 17,7