Откако лани се омажи за принцот Хари, Меган Маркл е под постојано “око“ на јавноста. Особено се посветува внимание на нејзиниот стил на облекување. Но, во последно време облеката на војвотката од Сасекс е се почесто згужвана.
При последна посета на организацијата “Smart Works“ која на невработените жени им обезбедува обука и прикладна облека за интервјуа, Меган се појави во капут на Оскар де ла Рента кој веќе беше згужван при нејзиното излегување од возилото.
Многу набори имаше и на облеката која Меган ја носеше на кралската турнеја во Австралија и Нов Зеланд, а и многу фалената венчаница не беше имуна на гужвање.
Според бившиот креативен директор на компанијата “Mulberry“, Скот Хенша, лошо избраната ткаенина е виновна за згужваната облека на Меган. Според него, ако памукот и свилата се помешаат со други ткаенина, помалку ќе се гужваат.