Жената по име Мишел Далтон раскажува дека многумина кога ќе ја видат мислат дека ќерка ѝ е нејзина сестра, истакнувајќи дека двете израснале заедно, со оглед на тоа дека ќерка ѝ ја родила кога била многу млада.
Меѓутоа Мишел признава дека секогаш не ѝ било лесно. По породувањето се соочувала со многу осуди о критики од окружувањето каде живеела, додека некои ѝ велеле оти ќерката треба да ја даде на посвојување.
„Честопати на луѓето морам да им објаснувам дека таа е мојата ќерка а не сестра“, вели Мишел.
Оваа жена со необична семејна приказна, раскажува дека кога нејзината најстара ќерка завршила средно училиште нејзината најмала ќерка почнала да оди на училиште, а исто така вели дека нејзините сестри прво станале тетки а потоа тинејџерки.
Мишел исто така додава дека самата ги одгледувала своите деца без помош од родителите, и со нејзиното искуство сака да им порача на младите мајки дека секогаш ќе постојат такви луѓе коишто ќе ги осудуваат, но тоа не смее да влијае врз нивната одлука.
„Доколку не го родев моето дете на 13 години, денес немаше да уживам во овој прекрасен живот со својата дваесет и три годишна ќерка и нејзините две бебиња. Мајките – тинејџерки можат се“, вели Мишел.