Анџелина Џоли во еден момент клекна на црвениот тепих на филмскиот фестивал во Венеција за да поздрави обожавател кој боледува од АЛС.
ALS е кратенка за амиотрофична латерална склероза, прогресивна невродегенеративна болест која влијае на нервите во мозокот и ‘рбетот и предизвикува губење на мускулната контрола.
Актерката донесе насмевка на лицето на тешко болен обожавател. Фотографите на црвениот тепих го овековечија овој момент.
На филмскиот фестивал во Венеција таа го претстави својот филм Марија, кој го следи животот на оперската пејачка Марија Калас, а пристигна во придружба на раперот Акала, за кого веќе некое време се шпекулира дека е нејзин нов партнер. Станува збор за Кингсли Џејмс Меклин Дејли, со кого актерката се поврзува од крајот на минатата година.
Џоли и Акала ја чуваат својата врска многу приватна, но познато е дека и претходно патувале заедно. Во мај минатата година ја посетија Јамајка, а на крајот на декември беа видени на вечера во луксузен ресторан во Милано. Парот сега се врати во Италија, овој пат во Венеција.
Бред Пит и Анџелина Џоли се обидуваат да избегнат налетување еден со друг додека ги промовираат своите филмови на овогодинешниот фестивал. Организаторите се погрижиле поранешните сопружници да бидат разделени за да се избегнат непријатни ситуации, пренесува Page Six.
„Анџелина ќе биде присутна првиот ден, четврток, 29 август, а потоа ќе отпатува со режисерот на филмот Пабло Ларен на филмскиот фестивал Telluride во Колорадо. Бред во сабота доаѓа во Венеција. Нема шанси нивните патишта да се вкрстат“, изјави уметничкиот директор Алберто Барбера.
Да потсетиме дека Џоли беше со Бред Пит од 2002 до 2016 година. Тие решија да се венчаат во 2014 година, но се разделија по само две години поради „непомирливите разлики“. Тие имаат шест деца: Медокс (22), Пакс (18), Захара (18), Шајло (17) и близнаците Вивиен и Нокс (15).