Луѓето кои го победиле ракот обично не знаат која храна да ја одберат за поздрав живот.
Која храна треба да ја избегнуваат во широк спектар, а што треба да преовладува на нивното мени?
Д-р Ејми Морис, која и самата ја победи оваа тешка болест, даде клучни совети за исхраната.
Д-р Ејми Морис, експерт за закрепнување од рак, им откри на своите следбеници на Тик ток кои две намирници треба да ги избегнувате ако сте имале тумор, а кои две треба да ги консумирате.
Што да се јаде после рак?
„Јас сум експерт за закрепнување од рак и преживеав рак во 3 –та фаза пред шест години. Прво, јадете што повеќе грав и мешунки воопшто. Тие се богати со влакна и можат да го намалат ризикот од враќање на ракот. Друга работа е што го поттикнуваат немасниот протеин“.
Која храна да се избегнува?
Во видеото, д-р Ејми Морис дополнително предупреди која храна треба да се избегнува.
„На прво место е алкохолот. Алкохолот го зголемува ризикот од рак или повторување на болеста. Ако можете, избегнувајте го или барем намалете го. Втората работа е преработеното месо – колбаси, сланина, сувомеснати производи, а сето тоа е јасно поврзано со зголемување на ризикот од рак, затоа избегнувајте или ограничете колку што можете повеќе“, советува д-р Морис.