Британската пејачка со албанско потекло, Рита Ора летува во сончевата Шпанија. Ја фотографирале на плажа на Ибица.
Таа носеше бикини со принт на зебра. Со бикини искомбинирала златен накит и очила за сонце, а ѝ се придружиле и пријателите.
Пејачката неодамна го помина викендот патувајќи со авиони и престојувајќи на аеродроми бидејќи таа и нејзиниот сопруг Таика Ваитити „за 24 часа го обиколија светот“, како што рече. Причината беше роденденот на нејзиниот сопруг, а Рита на Инстаграм ги сподели различните модни комбинации што ги избрала за тој викенд.
Една фотографија особено го привлече вниманието на нејзините обожаватели. На неа Рита позираше во црвена чипкаста долна облека, под која носеше црни гаќички. Така таа прошета низ аеродромот по настапот во Романија и помина низ обезбедувањето пред да се качи во приватен авион и да отпатува со нејзиниот сопруг.