Холивудскиот актер Леонардо ди Каприо ужива на луксузна јахта со својата девојка, манекенката Виторија Черети и пријателите во близина на југот на Франција.
Сепак, она што го привлече вниманието на повеќето луѓе беше многу оскудниот костим за капење на Черети кој беше речиси невидлив ,па манекенката се соблече топлес, пишува Daily Mail.
Додека Черети „фаќаше боја“, Ди Каприо беше на мобилниот телефон, но и уживаше во бањањето. Актерот го покажа и своето тело, а на долниот дел на грбот се забележуваат траги од терапија со вендузи или барем потсетуваат на тоа. Тоа е третман во кој кожата се вшмукува со помош на чаша, керамика, бамбус или пластична чаша.
На почетокот на летото, Ди Каприо го покани својот најдобар пријател, актерот Тоби Мегваер, со кого заедно со својата девојка и пријателите уживаа во Италија на неговата јахта. Летово се шпекулираше дека Ди Каприо ја запросил Черети бидејќи манекенката носела прстен на левиот прст.
Ова е втор пат како за парот се шпекулира за свршувачка, иако првпат гласините беа демантирани. Инаку, јавноста почна да ги поврзува Ди Каприо и Черети минатиот август, а иако нивната врска беше доведена во прашање на почетокот на годината, парот се уште е заедно.