Она што го јадеме наутро може да ни го обележи остатокот од денот. Затоа, особено е важно да водиме сметка за изборот на појадокот доколку целиме кон порамен стомак, бидејќи исхраната може да го забрза или запре напредокот во слабеењето. Според д-р Ден Саливан, почетокот на денот со погрешна храна може да ја саботира нашата цел – витка фигура.
Д-р Саливанги споделил двата најлоши видови храна за појадок.
Преработено месо за појадок
Преработеното месо за појадок, како што се сланина и колбаси, може да изгледа како одличен избор за почеток на денот. Меѓутоа, д-р Саливан предупредува: „Сланина, колбаси, виршли или друго преработено месо за појадок често содржат нездрави масти, високо ниво на натриум и други конзерванси. Овие состојки можат да придонесат за воспаление и задржување на водата, што го отежнува одржувањето на витката линија.
Високата содржина на натриум во преработеното месо може да доведе до надуеност, што е вообичаена грижа за оние што сакаат да постигнат рамен стомак. Ако сте љубител на месо за појадок, посегнете по органски опции кои не содржат дополнителни конзерванси и хормони, советува лекарот.
Солени печива
Печивата од пекарниците, како што е, на пример, ѓеврекот, е омилен избор за појадок на многу луѓе, но според зборовите на д-р Саливан, тие се далеку од најдобриот избор.
„Печивата се богати со преработени јаглехидрати. Овие рафинирани јаглехидрати релативно брзо се претвораат во шеќер во телото и може да доведат до нерамнотежа на шеќерот во крвта“, објаснил тој.
Кога шеќерот во крвта скока и опаѓа, тоа може да предизвика желба и да доведе до прејадување подоцна во текот на денот, што го отежнува одржувањето на рамен стомак и слабеењето.
Покрај тоа, д-р Саливан истакнува дека повеќето печива содржат и глутен, што за многумина може да биде проблематично. Чувствителноста или нетолеранцијата на глутен може да доведе до надуеност и дигестивни непријатности, што дополнително го попречува постигнувањето на рамниот стомак.
Значи, да се добие рамен стомак не е само до вежбањето – туку и паметното избирање на храната, особено за појадок. Советите на д-р Ден Саливан служат како потсетник дека она што го јадеме наутро може да има значително влијание врз метаболизмот, нивото на енергија и целокупното здравје. Со избегнување на печива и преработки од месо за појадок, можеме да се подготвиме за успех и да се приближиме чекор поблиску до нашите цели за здраво и фит тело.