Лени Кравиц (60) зад себе има само еден брак, кој иако заврши неславно, е крунисан со најубавата тијара на светот – наследничката Зои.
Од љубовта со единствената Лиза Бонет се роди популарната актерка Зои Кравиц, која славните родители ја следат гордо на секој чекор и на 36 години.
Ќерката на пејачот неодамна за првпат се испроба во улогата на режисер, а премиерата на нејзиниот дебитантски филм „Blink Twice“ се одржа во Лондон. Поддршката на Лени не изостана ниту овојпат.
Кравиц штотуку ја заврши својата европска турнеја, а пред да се врати во Америка имал еден важен настан што не смеел да го пропушти. Лондонската премиера на режисерското деби на Зои беше голем настан во англиската престолнина на кој се собра целиот крем на Холивуд.
Најголема поддршка на младата актерка освен нејзиниот татко Лени беше и вереникот и колега Ченинг Тејтум.
Славните татко и ќерка ги воодушевија сите кога застанаа еден до друг на црвениот тепих, а многумина забележаа дека наследничката на некогашниот омилен пар е вистински микс од своите родители.
Зои во оваа прилика се одлучила за женствена долга тоалета во светло црвена боја, чиј свилен крој зрачи со префинетост и тивок луксуз. Таа ја надополнила оваа едноставна, но ефектна креација со „YSL“ потпетици во иста боја и суптилен накит, додека нејзината веќе препознатлива залижана пунџа и минималната шминка ги истакнале нејзините беспрекорни црти на лицето.
Лени, од друга страна, се одлучил за елегантен костум со примеси на стариот добар рокерски стил кој отсекогаш го красел; тој одлично го надополнил предимензионираниот комплет панталони со ѕвонести ногавици и раскопчано сако со впечатливи бели чевли, очила за сонце и накит, комбинација која со годините стана негов заштитен знак.
Актерот Ченинг Тејтум се одлучил за умерена класика во форма на обичен црн костум, најверојатно за да не го одвлекува вниманието од својата поубава половина, која навистина била во центарот на вниманието на овој гала настан.