Тие се најубавите жени на светот, но позади сцената има мали тајни за нивната убавини, за кои манекенките ретко зборуваат.
Вештачка коса
Ако мислите дека косите на ангелите на “Викторија Сикрет“ се совршени, време е да дознаете дека тоа не се нивните вистински фризури. Сите модели насат екстензија, за чие местење потребно еден до два часа. Исто така косате им е секогаш офарбана за да изгледаат по привлечни.
Вештачки тен
Пред да излезат на писта на сите модели им се нанесува спреј за потемнување, Со него се покриваат “фалинките“ на кожата како целулитот, белези, црвенила, неизедначен тен…
Вештачки трепки
Скоро сите модели носат вештачки трепки, бидејќи ако не ги стават тие на пистата ќе бидат непрепознатливи.
Исцрпувачки вежби
Во текот на фото сесијата и ревијата, секој ден моделите мора да вежбаат најмалку по два часа. Нивна обврска е да водат сметка за секој дел од своето тело, така што тие со време стануваат опседнати со своите фигури.
Строги диети
Диетата е составен дел од животот на ангелите на “Викторија Сикрет“. Секој модел има тренер кој им диктира колку треба да јадат. Пред секое нивно излегување на пистата тие пијат алкохолни пијалоци, за да се опуштат и кокетираат со публиката.
Фотошоп
Повеќето од моделите во реалноста не изгледаат како на сликите. Нивните бутини и струкови со помош на фотошоп се стеснуваат, а деколтињата се зголемуваат два или три пати.