Семејна идила: Дејвид Гета ужива со семејството на луксузна јахта на Ибица (ФОТО)

by Тони Зографски

Дејвид Гета ужива со семејството на Ибица.

56-годишниот диџеј сподели фотографија направена на луксузна јахта на идиличниот шпански остров. На неа, тој позира со својата 32-годишна девојка Џесика Ледон и 5-месечниот син Сајан.

„Семејство“ – напиша тој во описот.

Дејвид и Џесика започнаа да се состануваат во 2015 година, една година по неговиот развод од бившата сопруга Кејти, со која има две деца.

Тие ја открија веста за бременоста во ноември минатата година, кога се појавија заедно на црвениот тепих на „Latin Grammy Awards“. Сајан се роди во март оваа година.

останати вести