Владата ќе ја разреши Афрона Верзиволи од функцијата ревизор на ИПА фондовите, информираат од „Илинденска бр.2“. Во кусото соопштение, од Владата посочуваат и дека е потребно и вниманието да се насочи кон отворените злоупотреби на парите од ЕУ и фондовите ставени на располагање кои беа присутни во изминатиов период.
-Ја известуваме јавноста дека назначената Афрона Верзиволи во текот на утрешниот ден ќе биде разрешена од местото ревизот на ИПА фодновите.
Воедно потребно посочуваме дека е потребно и вниманието да се насочи кон отворените ,лоупотреби на парите од ЕУ и фондовите ставени на располагање кои беа присутни во изминатиов период а за кој постои и пишан траг и нотификација од Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) кои поради таквото работење побаруваат од државата исплата на неколку милиони евра. Пренасочувањето на вниманието кон други теми го толкуваме како бегство од одговорност за ваквите злоупотреби. Одговорност ќе има, гласи реакцијата на прес-службата на Владата.
Претходно од ЕУ најавија дека внимателно ќе го испитаат ова владиното именување на Вервизоли која не е ревизор.
„Важно е сите назначувања на надлежни позиции во државните институции да се вршат со почитување на сите законски услови за работното место и релевантна стручност. ЕУ внимателно ќе ги испита именувањата од оваа перспектива, особено доколку тие се однесуваат на користењето на проекти и активности финансирани од ЕУ во Северна Македонија“, соопштиле од Делегацијата на ЕУ.